Радиоаматери на Македонија

Добре дојдовте - форум "Радиоаматери на Македонија"
Радиоаматери на Македонија

Се за радиоаматеризмот и радиоаматерите од Македонија

Keywords

Latest topics

» “ПРИРАЧНИК ЗА АМАТЕРСКА РАДИОГОНИОМЕТРИЈА“
Вто Окт 11, 2016 5:27 pm by Z31RA

» Z30HQ 2014
Сре Aвг 27, 2014 9:06 pm by Z31WW

» Обновен елаборатот на Z3-SOTA
Пет Aвг 01, 2014 6:05 pm by Z33RW

» Скратен дипол за 80m ?!
Пет Aвг 01, 2014 10:23 am by Z31WW

» Staro- Novi clenovi na Radio Amaterskiot Sojuz
Саб Апр 19, 2014 3:26 pm by z35bv

» K5T NA-119
Саб Ное 30, 2013 2:39 pm by z32id

» 10. ARDF Маратон (2. дел)
Пон Окт 07, 2013 3:28 am by Z31EF

» 10. ARDF Маратон (1. дел)
Пон Окт 07, 2013 2:45 am by Z31EF

»  Почина нашиот колега Z34DSV
Нед Сеп 08, 2013 7:24 pm by Z31GH

Декември 2018

ПонВтоСреЧетПетСабНед
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31      

Calendar Calendar

Affiliates

free forum


    Кандидатура за Претседател на РСМ - Z32TO

    Share
    avatar
    Z39Z
    Admin

    Број на мислења : 119
    Join date : 2012-09-21
    Местолокација : Гевгелија

    Кандидатура за Претседател на РСМ - Z32TO

    Пишување by Z39Z on Пон Окт 01, 2012 8:53 am

    До Радиоаматерски сојуз на Македонија


    Предмет: Кандидатура за претседател на Радиоаматерски сојуз на Македонија
    Подносител: Оливер Табаковски, Z32TO

    Лични податоци:

    Роден 12.10.1971 во Скопје
    Образование:
    Основно образование: ОУ Кочо Рацин - Скопје
    Средно образование: УСО Орце Николов - Скопје
    Високо образование: Универзитет Климент Охридски – Битола Факултет за сообраќајно иженерство ( во тек )
    Брачна состојба: оженет со Анета, две деца Андреј (14г.) и Нина (8г.)

    Радиоаматерски податоци:

    Оператор Ц класа: 1983
    Оператор Б класа: 1988
    Член на државната репрезентација на Македонија во дисциплината ХСТ од 1995 до 2003 со најдобар пласман 5-то место на СП одржано во Бугарија 1997 година
    Главен судија на СП во ХСТ од 2004 до денес
    Претставник на РСМ во работна група за ХСТ во ИАРУ регион 1 од 1998 до 2002 година
    Претседател на работна група за ХСТ во ИАРУ регион 1 од 2002 до денес

    Цели и задачи

    Во изминатиот период забележливо беше големо раздвојување помеѓу членовите на РСМ по ра зни основи: по концепција, по дејност, на лична основа и др. Тоа дко до пад на активностите така и до намалување на членството, а посебно приливот на нови членови од младата генерација.
    Исто така, забележливо е и неприсуството на наши претставници на најголемите манифестации во рамки на радиоаматерската унија: собири, саеми, светски првенства, конференции. Дел од привилегиите кои ги уживаше РСМ во минатото сега се далечна историја. Од тука, со право се поставува едно и единствено прашање помеѓу членството:

    Може ли подобро?

    Длабоко сум уверен дека може, но за тоа ќе биде потребно да се вложи многу труд и е многу потрошено време и се разбира одредени финансиски средства. Свесен дека ова нема да биде ни малку лесна мисија, спемен сум да се соочам со предизвикот и остварување на неколку примарни цели:

    - Консолидација на членството - Прилив на нови членови од најмладите категории - Учество на РСМ на сите важни манифестации под покровителство на ИАРУ - Подобрување на можностите за комуникација преку репетиторска мрежа - Функционирање на правната регулатива со навремено и точно информирање.

    За остварување на овие задачи, ќе биде составен тим, кој ќе биде посветен на извршување на зацртаните активности.
    Се надевам дека оваа кандидатура ќе наиде на разбирање и поддршка од страна на делегатите на собранието на задоволство на целокупното членство на РСМ.

    Со почит
    Подносител
    Скопје 30.09.2012г.
    Оливер Табаковски,Z32TO

      Сега е точно Пон Дек 10, 2018 9:18 am