До Радиоаматерски сојуз на Македонија
Предмет: Кандидатура за претседател на Радиоаматерски сојуз на Македонија
Подносител: Оливер Табаковски, Z32TO
Лични податоци:
Роден 12.10.1971 во Скопје
Образование:
Основно образование: ОУ Кочо Рацин - Скопје
Средно образование: УСО Орце Николов - Скопје
Високо образование: Универзитет Климент Охридски – Битола Факултет за сообраќајно иженерство ( во тек )
Брачна состојба: оженет со Анета, две деца Андреј (14г.) и Нина (8г.)
Радиоаматерски податоци:
Оператор Ц класа: 1983
Оператор Б класа: 1988
Член на државната репрезентација на Македонија во дисциплината ХСТ од 1995 до 2003 со најдобар пласман 5-то место на СП одржано во Бугарија 1997 година
Главен судија на СП во ХСТ од 2004 до денес
Претставник на РСМ во работна група за ХСТ во ИАРУ регион 1 од 1998 до 2002 година
Претседател на работна група за ХСТ во ИАРУ регион 1 од 2002 до денес
Цели и задачи
Во изминатиот период забележливо беше големо раздвојување помеѓу членовите на РСМ по ра зни основи: по концепција, по дејност, на лична основа и др. Тоа дко до пад на активностите така и до намалување на членството, а посебно приливот на нови членови од младата генерација.
Исто така, забележливо е и неприсуството на наши претставници на најголемите манифестации во рамки на радиоаматерската унија: собири, саеми, светски првенства, конференции. Дел од привилегиите кои ги уживаше РСМ во минатото сега се далечна историја. Од тука, со право се поставува едно и единствено прашање помеѓу членството:
Може ли подобро?
Длабоко сум уверен дека може, но за тоа ќе биде потребно да се вложи многу труд и е многу потрошено време и се разбира одредени финансиски средства. Свесен дека ова нема да биде ни малку лесна мисија, спемен сум да се соочам со предизвикот и остварување на неколку примарни цели:
- Консолидација на членството - Прилив на нови членови од најмладите категории - Учество на РСМ на сите важни манифестации под покровителство на ИАРУ - Подобрување на можностите за комуникација преку репетиторска мрежа - Функционирање на правната регулатива со навремено и точно информирање.
За остварување на овие задачи, ќе биде составен тим, кој ќе биде посветен на извршување на зацртаните активности.
Се надевам дека оваа кандидатура ќе наиде на разбирање и поддршка од страна на делегатите на собранието на задоволство на целокупното членство на РСМ.
Со почит
Подносител
Скопје 30.09.2012г.
Оливер Табаковски,Z32TO
Вто Окт 11, 2016 5:27 pm by Z31RA
» Z30HQ 2014
Сре Aвг 27, 2014 9:06 pm by Z31WW
» Обновен елаборатот на Z3-SOTA
Пет Aвг 01, 2014 6:05 pm by Z33RW
» Скратен дипол за 80m ?!
Пет Aвг 01, 2014 10:23 am by Z31WW
» Staro- Novi clenovi na Radio Amaterskiot Sojuz
Саб Апр 19, 2014 3:26 pm by z35bv
» K5T NA-119
Саб Ное 30, 2013 2:39 pm by z32id
» 10. ARDF Маратон (2. дел)
Пон Окт 07, 2013 3:28 am by Z31EF
» 10. ARDF Маратон (1. дел)
Пон Окт 07, 2013 2:45 am by Z31EF
» Почина нашиот колега Z34DSV
Нед Сеп 08, 2013 7:24 pm by Z31GH