Подготовките за CQ WW CW делот започнаа уште во неделата кога почна сервисирањето на вертикалките за 80м а откако успешно се заврши оваа задача во понеделникот истите беа поставени. Истиот ден беше комплетиран и другиот Боб таил за 40м, така да главните антени за 80м и 40м беа комплетни. Во вторникот сабајле на Сушево пристигна дел од екипата од Унгарија HA6PX, HA6ND, HA2SX и HA7UI , кои во понеделникот касно вечерта пристигнаа во Штип, Вторникот и Средата работиме на поставување на работните места и припрема за поставување на останатите антени. Во среда попладне ни се придружи и вториот дел од екипата HA1CA, HA3OV, HA6OI и HA8KW. Во Четвртокот ударнички се завршува со поставувањето на сите антени освен со бевериџите кои беа поставени во петокот, како и комплетирање на сите 8 работни места кои веќе беа спремни за работа. Во Четвртокот попладне ни се придружи YO5BRZ a во петок на пладне HA6NQ со ова екипата од Унгарија беше комплетна. Од наша страна придонес во работата до петок имаа Z32ID, Z33ZOD, Z35KG, Z35T, Z35Z, Z36N, Z36W, Z39A, Роберто и Ванчо. Во петокот сме почестени со Унгарски специјалитет Свински паприкаш за кој кривци беа HA6ND и HA8KW. На два часа пред контестот откриваме дека SWR-от на Диполот за 160м е ептен голем, пробавме да го намалиме но без успех и набрзина се прави нова антена. На претходната Балунот беше целосно изгорен а конекторот скоро стопен
Контесто го почнуваме на ниските бандови и мониторирање на 20м. Z36W на 160м, HA3OV на 80м, HA8KW на 40м и Z35T на 20м. Стартот одличен на 160м и 80м додека нешто слабо ни оди на 40м. Првата иљадарка паѓа за 2 часа и десетина минути. Морам да кажам дека условите на 160м и 80м беа одлични ! Интересно беше тоа што првата ноќ на 160м и на 80м имаше поголем број на врски отколку на 40м ?! Вакво нешто лично јас досега не бев видел
Преку денот солидни пропагации на 20м и на 15м но не баш добри на 10м. За жал горните опсези, за разлика од SSB делот многу порано почнаа да се затворат. Саботата ноќта повторно одлични услови на долните опсези но сега нешто подобри и на 40м. Околу 1 часот ја логираме 10.000-иљадитата врска ! кај сите нас желбата беше да стасаме до 15.000 врски но ратето од час на час паѓаше надолу. во неделата без некои промени на условите на 20 и 15м а нешто подобро беше и на 10м кога имаше и поголема чујност на станиците од USA. Во неделата вечерта имаше одлично отварање према ЈА на 160м. Изработени 30-40 ЈА станици а јас во животот дотогаш не бев слушнал ЈА станица на 160м да иде 599 ++. Вакво, не толку силно отварање имаше во саботата сабајле према USA кога беа работени исто така околу 30-40 станици. Истите отварања но со поголемо времетраење имаше и на 80м. Контестот го завршуваме со 13634 чисти врски (без дупли нели), скор од 22.4 милиони поени ... и што да речам, задоволството кај сите нас беше огромно. Супер бројка на врски но со множители повторно сме многу кратки во однос на главните конкуренти. На горните опсези работење на множител беше како да го ловиш PT0S, значи многу тешко се пробивавме во pile-upovite, и многу станици-множители останаа не работени. Сличен беше и случајот на ниските опсези но тука имавме проблеми што некои станици и не ги слушавме. Секако тука мал придонес во работењето множители имаше и прекинот на интернетот на двапата по 8-10 часа во сабота и недела. Проблемот бил на релација Велес-Штип каде на двапати биле прекинуван оптичкиот кабел па така целиот град во тој период беше без интернет ?! Јас лично најмногу работев на 160м и нешто што ке памтам секако беше неделата вечерта кога прво на CQ ми дојде VK4MA со добар сигнал, нешто подоцна во pile-up од прв повик го работев NH2T а кефот да биде поголем
го работев пред 9A1A, E7DX, DR1A и други, и секако pile-upot од ЈА станиците се одлични сигнали. Големото задоволство на крај беше залиено со одлично HA шампањско вино ... Понеделникот повторни сите на нози и започнавме се демонтирање на работните места и антените. Целата работа беше комплетно завршена до 17 часот а во 19 часот во хотелот кај што беа сместени нашите пријатели имавме заедничка вечера. Денес тие се заминаа за Унгарија а се договоривме ова истото да го повториме пак во некоја од наредните години. Заклучок, одлично дружење, нови искуства за нас, од секако поискусните пријатели и добар настап во контестот.
Морам да го пофалам Моме Z32ZM, кој мислам дека ни се јави на сите бандови, TNX OC !!! Мислам дека после Моме Z37Y е работен неколку пати а така летимично колку се сеќавам врски има и со Z31A, Z31JY, Z35F, Z35M/qrp ... можеби има и други но овие ги видов во мултиплаер графата.
Вто Окт 11, 2016 5:27 pm by Z31RA
» Z30HQ 2014
Сре Aвг 27, 2014 9:06 pm by Z31WW
» Обновен елаборатот на Z3-SOTA
Пет Aвг 01, 2014 6:05 pm by Z33RW
» Скратен дипол за 80m ?!
Пет Aвг 01, 2014 10:23 am by Z31WW
» Staro- Novi clenovi na Radio Amaterskiot Sojuz
Саб Апр 19, 2014 3:26 pm by z35bv
» K5T NA-119
Саб Ное 30, 2013 2:39 pm by z32id
» 10. ARDF Маратон (2. дел)
Пон Окт 07, 2013 3:28 am by Z31EF
» 10. ARDF Маратон (1. дел)
Пон Окт 07, 2013 2:45 am by Z31EF
» Почина нашиот колега Z34DSV
Нед Сеп 08, 2013 7:24 pm by Z31GH